„ТОА НЕ Е ТАА! Ја замениле“: Шпекулациите се сè поголеми, Британците се во паника – убедени се дека жената на видеото не е Кејт!

Еве и зошто!

Теоретичарите на заговор се сигурни дека тоа не била Кејт Мидлтон покрај Вилијам вчера на шопинг, туку дека тоа била нејзина двојничка

По многубројните претпоставки околу тоа каде исчезнала Кејт Мидлтон, вчера принцезата од Велс се појавила покрај сопругот на еден фармерски пазар. За да се одбегнат шпекулации околу монтирани фотографии, сега медиумите добија видео.

Иако видеото е снимено на растојание од кое може да се види дека Кејт е насмеана и по малку еуфорична, многумина сметаат дека тоа не е таа!

Видеото ја прикажува неверојатно среќната Кејт, како опуштено муабети со Вилијам додека се движат кон автомобилот.

Наместо да ги смири граѓаните, по ова видео шпекулациите се уште поголеми:

„Погледнете го видеото поубаво и ќе сфатите дека тоа не е Кејт, таа има потполно поинакви јаболчници и лице…“, „Воопшто не личи на неа“, „Ова заташкување станува многу непријатно и загрижувачко“, „Тоа не е таа. Повисоки јаболчни коски, поинакви очи, поинаква насмевка, поинакво движење, послаба градба. Таа носи полна торба по операција на абдомен?! Ова е замена!“

Сепак, оние што ја обожаваат Кејт велат дека тоа навистина е таа и пресреќни се што толку брзо закрепнала.

Кејт Мидлтон видена во јавност: Откриено со кого била и како изгледала!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.