Кога родила шесторка, веќе имала близначки: Еве како живеат децата од ТВ-шоуто „Џон и Кејт плус осум“ 18 години подоцна!
Сега се возрасни луѓе
Сигурно се сеќавате на реалното шоу на каналот Ти-Ел-Си за Кејт и Џон и нивната осумка? Верувале или не, тие сега се полнолетни
Сите го обожававме реалното шоу John and Kate plus 8 кое пред повеќе од 10 години се емитуваше на каналот TLC, а се чини крајно неверојатно тоа што децата од оваа емисија повеќе не се мали, туку возрасни луѓе. Шесторката оваа година полни 18 години, а близначките Кара и Меди ќе полнат 22.
Првото нешто што интригираше, а се однесуваше на ова семејство, е разводот низ кој поминаа Џон и Кејт пред неколку години. Кејт за многумина претставуваше синоним за матријархат и по разводот продолжи во тој стил со реалното шоу „Кејт плус 8“, а за Џон не знаеме многу, освен дека по разводот се обидел да се оствари како диџеј.
View this post on Instagram
Шест од децата продолжија да живеат со Кејт, додека Хана и Колин живеат со Џон.
View this post on Instagram
Кара и Меди сега веќе се пораснати девојки, а Меди е исклучително популарна на социјалната мрежа Тик Ток, каде што редовно објавува детали од својот живот.
View this post on Instagram
Близначките се разделиле и физички, бидејќи се запишале на факултети во различни американски држави, а една од шесторката, Хана, штотуку го прославила својот 18-ти роденден и лансирала своја козметичка линија под името Gosselin Girl, така што многу млада се впуштила во бизнис водите и се чини дека добро ѝ оди.
View this post on Instagram