Дали сте слушнале за ДУМСКРОЛИНГ? Лошо ни влијае на ЗДРАВЈЕТО!

Методи да го спречите

Нова американска студија потврди дека думскролинг (doomscrolling) – тенденција да не можеме да престанеме да ги следиме негативните вести – е реално однесување, а не само нов модерен израз. Истражувачите сметаат дека думскролингот е начин да се обидеме да ја сфатиме кризата, кој лошо ни се одразува затоа што поттикнува анксиозност.

Добра вест е тоа што научниците забележале дека луѓето често сами го менуваат однесувањето кога ќе сфатат дека се заглавени во виорот на лошите вести. Сепак, најпаметен потег е да го избегнеме ваквото однесување.

Пробајте ги следниве методи за спречување на постојаното скролување и растоварете го својот ѕид на социјалните мрежи.

ТРГНЕТЕ ГО ТЕЛЕФОНОТ Тешко е да престанете да скролувате кога телефонот е секогаш покрај вас. Кога ќе одлучите да се опуштите, оставете го телефонот во друга просторија.

ПОСТАВЕТЕ ГРАНИЦИ Одредете временски ограничувања на социјалните мрежи за да имате повеќе време за контакти со пријателите и познаниците, со што ќе избегнете да скролувате.

ДЕТОКСИЦИРАЈТЕ ГО СВОЈОТ ЅИД Проверете кого следите и отстранете ги профилите што ве вознемируваат и прават да се чувствувате лошо.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.