Не станува збор за Кегел: Нови вежби за карличните мускули

Пробајте ги!

Да, сите знаеме за Кегеловите вежби, но сега можеме да пробаме друга алатка за зајакнување на мускулите на карлицата – хипопресивни вежби.

За разлика од Кегеловите вежби, кои бараат свесно да се концентрираме за да ги активираме мускулите на дното на карлицата, хипопресивните вежби се составени од низа позиции што ги активираат речиси сите мускули поврзани со дното на карлицата.

Правилно изведени, овие движења создаваат еден вид вакуум-ефект, кој постепено го зголемува мускулниот тонус на карлицата.

Приврзаниците велат дека хипопресивните вежби се релаксирачки и ефективни, но дали се поефикасни од Кегеловите?

Студијата од 2020 година покажа дека и двата вида вежби можат значително да ги подобрат мускулите на карлицата и – квалитетот на животот. Важно е само да се практикуваат!

За да видите како изгледа хипопресивен тренинг, кликнете ТУКА!

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.