Од дебелина не можела да стане од кревет: Толку многу ослабела што и најблиските не ја препознале

Кога се појавила во емисијата „My 600-lb Life“ тежела 340 килограми и не можела сама да направи ништо, па дури ни да стане од кревет.

На Мили Кларк (52) од Алабама нејзините деца ѝ помагале  во се’, од носење храна, бањање, до одење во тоалет.

Во очај, се пријавила за популарното американско реално шоу и по првичното слабеење, поставила бајпас на желудникот и продолжила да слабее.

Три години и неколку операции подоцна, Мила ослабела дури 270 килограми и сега тежи околу 70 килограми, само две години откако поради енормната дебелина не можела да стане од кревет.

Таа вети дека никогаш нема да ѝ се врати на брзата храна и дека ќе продолжи да живее дисциплиниран живот.

Мили досега направила три операции за отстранување на вишокот кожа, а поради вишокот килограми и се оштетиле чашките во колената, проблем кој подоцна го решила со операција.

Со текот на годините, таа собрала голем број обожаватели кои ја поттикнуваат на поздрав начин на живот, но има и такви кои ѝ се восхитуваат на нејзината упорност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.