Кога му е тешко, принцот Вилијам секогаш му се обраќа нему: Кој е Питер Филипс?

Миленикот на кралицата

Сè уште се зборува за погребот на принцот Филип, се анализираат сите детали, а светот го интересира кој е мажот кој во поворката стоеше помеѓу двајцата скарани браќа, принцовите Вилијам и Хари

Пристигна веста дека принцот Вилијам барал токму Питер Филипс да стои помеѓу него и брат му Хари во поворката на погребот на принцот Филип.

Питер Филипс е син на принцезата Ана и живее како и целиот нормален свет и тоа благодарение токму на мајка му. Имено, неговата мајка се откажала од титулата „лејди“, со што и на неговата сестра исто така ѝ ја ускратила таа титула, сето тоа поради нејзината желба да имаат најнормален живот без оптоварувања.

Тоа се испоставило како правилна одлука, со оглед на тоа што Питер неодамна се развел од сопругата без скандали. Питер дели старателство со поранешната сопруга над двете ќерки, Савана (10) и Ајсла (9).

Питер буквално пораснал во дворецот, им бил како роден брат на принцовите Вилијам и Хари, па секогаш бил покрај нив во текот на среќните, но и тажните периоди во нивниот живот.

По смртта на принцезата Дајана во 1997 година, Питер и сестра му Зара веднаш пристигнале на имотот на кралицата Елизабета за да ги поддржат своите роднини. Питер дури бил и виден како им се придружува на своите роднини и баба и дедо, додека ги гледале цвеќињата и другите почести за Дајана што обожавателите ѝ ги оставале пред капијата на замокот.

Питер во 2002 година одел покрај своите роднини на погребот на нивната прабаба, мајката на кралицата.
Како што Питер и Вилијам се блиски, така и нивните деца се блиски. Савана и Ајсла редовно се дружат со принцовите Џорџ и Луис, но и со принцезата Шарлот.

Иако Питер е најстариот внук на кралицата Елизабета, тој го изгубил правото на тронот, бидејќи неговите родители се откажале од титулата.

Питер не работи за кралското семејство, самостоен е и има своја фирма за менаџмент.

За својата баба, кралицата Елизабета, во 2016 година Питер го кажал следново:

„Отсекогаш сум бил многу близок со баба ми и често разговараме. Таа целиот живот ми е голема инспирација.“

Британското кралско семејство објавило досега невидена фотографија: Принцот Филип и кралицата со седумте правнучиња!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.