3 ручеци од пилешко месо: Нови и необични рецепти што не сте ги приготвувале досега!

Одлични предлози

Ако обожавате пилешко, пробајте ги овие необични рецепти

Пилешкото е месо што нутриционистите со задоволство го препорачуваат, без разлика дали сте на диета или сакате да се храните здраво.

Ви носиме 3 рецепта за ручек со пилешко месо…

Полнето пиле

Состојки:

  • цело пиле
  • 4-5 резанки стар леб
  • млеко, по потреба
  • 200 г сланина
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • врзоп магдонос
  • 1 јајце
  • 200 г шампињони
  • сол
  • бибер
  • путер, по потреба

Приготвување:

Добро посолете го исчистеното пиле однадвор и однатре. Потопете го лебот во млекото, добро исцедете го и ставете го во сад. Додајте ситно сечкана сланина, ситно сечкани кромид и лук, лист од магдонос, јајце и шампињони, па посолете и забиберите. Добро промешајте ја смесата и наполнете го пилето со неа, па потоа врзете ги копаните со цврст конец, за да не ви истече смесата. Од остатокот од смесата направете топчиња и наредете ги околу пилето во подлабок плех или во огноотпорен сад. Пред печење, премачкајте го пилето со малку путер, а во текот на печењето полевајте го повеќе пати со сокот од печењето. Печете го околу час и половина на 200 степени.

Оброк салата со пилешко

Состојки:

  • 1 пакување тестенини по избор
  • 400 г пилешко месо исечкано на мали коцки и пропржено
  • 1 помала главица зелена салата, грубо сечена
  • 200 г шери домати
  • 1 чаша крутони
  • 1 грчки јогурт
  • 1/3 чаша свеж пармезан
  • 1/4 чаша печени бадеми

Приготвување:

Сварете ги тестенините во солена вода според упатствата на пакувањето, потоа измијте ги со ладна вода и исцедете ги. Измешајте ги наведените состојки и сипете ги врз тестенините. Послужете ги веднаш или ставете ги во фрижидер за утредента.

Цело пиле во млеко

Состојки:

  • 1 цело пиле (околу 1,5 кг)
  • морска сол
  • мелен црн бибер
  • 1 лажиче цимет
  • врзоп свежа жалфија
  • кора од два лимона
  • 10 чешниња лук
  • 500 мл млеко

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 190 степени. Посолете го и забиберете го пилешкото. Ставете маслиново масло и путер во сад и пржете го пилешкото месо десетина минути од секоја страна. Ставете го во рерна, додајте млеко, цимет, листови жалфија, кора од два лимона и лук. Печете околу час и половина.

Неодоливо пилешко месо во сос: Пригответе го омилениот ручек на целото семејство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.