Неодоливо пилешко месо во сос: Пригответе го омилениот ручек на целото семејство!

Главни јадења

Наместо павлака за готвење, можете да користите слатка павлака

Состојки:
  • 500 г пилешко бело месо
  • 300 г печурки
  • 1 кромид
  • 3 лажици сенф
  • 8 лажици кечап
  • 1 коцка пилешка супа
  • 1 домат
  • 100 мл млеко
  • 400 мл павлака за готвење
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица путер
  • црн пипер
  • 300 г тестенини
  • сол

Приготвување:

1. Доматот и кромидот се сечкаат на коцки, пилешкото бело месо се сечка на поголеми коцки, а печурките на листови.

2. На тава на малку масло се пржи пилешкото месо, а потоа се остава на топло.

3. На тава на малку масло посебно се пржи кромидот, а потоа се додаваат печурките и кратко се пржат. Се додава доматот и се пржи сето тоа заедно.

4. Се додаваат кечапот, сенфот и прженото пилешко месо и се меша. Се ставаат млекото и павлаката за готвење, се додаваат солта и црниот пипер, па се готви на умерена температура, со повремено мешање, додека се добие потребната густина.

5. Тестенините се варат во солена вода, а потоа се цеди вишокот течност и се послужуваат како прилог со готовиот оброк.

Извор: Добра храна

Јадење што ќе го задоволи сечиј вкус: Пробајте тестенини со пилешко месо
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.