Ким Кардашијан по 3 години им се „одмазди“ на папараците со бронзените монокини (ФОТО)

Им прости, но не заборави...

Фото: Getty Images

Сигурно сте ја слушале изреката „Ти простувам, но не ти заборавам“? Е, па токму таа идеално се вклопува во прикaзнава за американската ријалити-ѕвезда Ким Кардашијан.

Имено 39-годишната инфлуенсерка неколку дена одмора во луксузна вила, која се наоѓа на самата плажа во Мексико, со неколку блиски пријатели. Како што пренесуваат странските медиуми, едно ноќевање во ова сместување чини 7.000 долари. „Дреболија“ кога станува збор за милијардерката, која ги полни батериите по напорните денови поминати со своето многубројно семејство. Сепак, не заборавајте – Ким е мајка на четири мали деца!

Да се вратиме на нашава тема, имено, во 2017 година, медиумите ги преплавија папарацо-фотографии снимени на истото место. На нив тогаш 36-годишната Ким изгледаше вака:

Судејќи по она што гледачите имаа можност да го видат токму во реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“, оваа фотографија многу ја растревожи сопругата на Канје Вест, која со денови беше во депресија, плачеше и тврдеше дека не изгледа вака. Но одлучи и да преземе дополнителни мерки за доведување на своето тело во фит-форма…

Па така, три години подоцна, Ким повторно отпатува во Мексико, на истата плажа, но овој пат со бронзени монокини – многу попровокативен модел од овој што го носи на фотографијата што и’ ја „уништи“ самодовербата… привремено.

Ја среди косата, се нашминка и правец плажа! А таму, разбриливо, ја чекаа папараците… случајно или не, не е важно, важно беа таму да си ја завршат работата.

И повторно медиумите ги преплавија фотографии од Ким Кардашијан во костим за капење, снимени на плажата во Мексико… но во вакво издание:

Сосема случајно, нели?

Фото: Splash News, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.