Вака изгледа Меган Маркл по напуштањето на кралските должности (ФОТО)

Кој би рекол...

По состанокот што се одржа во понеделникот и на кој се одлучуваше кои ќе бидат следните чекори на британското кралско семејство откако принцот Хари и Меган Маркл се повлекоа од кралските должности, осамнаа првите фотографии од војвотката од Сасекс, снимени во Канада.

Како што е познато, таа не присуствуваше на состанокот, не затоа што и’ било забрането туку бидејќи немало потреба за тоа, објасни принцот Хари за медиумите.

Но изгледа дека војвотката не седела со скрстени раце додека траел состанокот, туку одлучила да посети еден добротворен центар во Ванкувер.

Погледнете со кого пиевме чај денеска! Војвотката од Сасекс, Меган Маркл нè посети денеска за да поразговараме за проблемите кои се однесуваат на жените во заедница“, стои во описот на фотографијата објавена на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

Thriving. How ‘bout y’all? ☕️

A post shared by The Sussex Set | Podcast (@sussexset) on

Како што пренесуваат светските медиуми, по состанокот Меган се упатила на аеродромот придружувана од својот телохранител.

Ќе се согласите дека на фотографијата, поранешната холивудска актерка изгледа многу посреќно од порано, нели? Изгледа голем товар симна од плеќите…

Фото: Instagram, Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.