„Кога најдов голи слики од мојот сопруг во телефонот на татко ми, одлучив сите да ги видат“: Нејзината одмазда била болна!

Пронашла морничаво видео во телефонот на татко ѝ

Морничава исповед на девојка која пронашла голи слики од сопругот во телефонот на татко ѝ

Случајот на оваа жена која открила дека сопругот ѝ бил неверен и дека започнал афера, ни помалку ни повеќе, туку со нејзиниот татко, станал вирален кога повредената девојка Камилија Оливеира објавила фотографии и видео на социјалните мрежи што ја потврдуваат нивната љубовна врска.

Иако целата приказна се случила во Бразил, ова неверство станало вирално и ги надминало сите граници, па сега, луѓе од целиот свет ја коментираат аферата на таткото и неговиот зет.

Како што Камилија објаснила на социјалните мрежи, таа го позајмила телефонот на татко ѝ, кога видела разговор меѓу татко ѝ и нејзиниот сопруг. Се шокирала кога видела со какви емоции и нежности си пишуваат еден на друг. Се посомневала дека меѓу нив постои нешто повеќе, па ја разгледала галеријата во телефонот на татко ѝ и нашла експлицитни фотографии од својот сопруг.

„Мојот сопруг е еден кретен кој ме изневерува со татко ми“, објавила гневната жена на својот фејсбук-профил.

Ова не било крајот на нејзината одмазда. Не ѝ било доволно тоа што јавно покажала што ѝ направил сопругот, туку решила дополнително да го казни. Од гнев го запалила автомобилот на својот сопруг, бидејќи му бил подарок од нејзиниот татко, односно од неговата друга љубов.

Потоа, Камилија направила скриншотови од нивните преписки и сето тоа го испечатила и го закачила ширум Сао Паоло, па така скандалот зазел уште пошироки размери.

Сето ова го документирала на социјалните мрежи, а видеото од палењето на автомобилот особено предизвикало бурни реакции.

Кога слушнала со кого имал афера син ѝ, се замрзнала: „Никој не знае дека ѝ направи дете, ме изеде жив срам!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.