Откријте што зборува вашиот поглед

Очите во центарот на вниманието

Никој не го потценува ефектот на шминката, заводливиот парфем или на модните детали, но истражувањата покажуваат дека жените, кога ја проценуваат убавината на другите жени, 60% од времето поминуваат во набљудување на очите и во толкување што се крие зад погледот.

Значи, дали сакате вашите очи да изгледаат поубаво? За почеток, погледнете се во огледало…

Дали вашиот поглед искажува…

… Пријателство

Смеењето со очи е техника што ја учат сите топ-модели, што е разбирливо бидејќи очите играат голема улога во манифестирање на емоциите.

Генерално, луѓето со крупни очи изгледаат пријателски настроени. Добра вест е дека дури и во тмурни и лоши денови можете да изгледате расположено со помош на неколку трика: користите сенки и моливи за очи во зелени нијанси наместо во кафени – оваа боја го неутрализира црвенилото околу очите (кое остава впечаток на нервоза и бес).

Ако смарагднозелената не е ваша боја, тогаш користете сенки и моливи во маслинеста боја.

Немојте да претерувате со маскара на долните трепки. Премногу маскара или ајлајнер во оваа област визуелно ги спушта очите, што создава тажен изглед.

… Тага

Очите можат да оставаат впечаток дека сте тажни дури и кога не сте. Клучен фактор е црвенилото, кои другите можат да го протолкуваат дека не сте среќни, здрави и привлечни.

За решавање на овој проблем речиси цел Холивуд користи капки против црвенило на очите.

Но, иако овој препарат моментално ги просветлува белките и создава одморен изглед, експертите предупредуваат на последиците од негова честа употреба, а откако ќе се престане, очите стануваат уште поцрвени.

Наместо тоа, секој ден користете вештачки солзи, кои исто така го намалуваат црвенилото и ги „подмачкуваат“ очите.

Правете пауза во носењето контактни леќи и намалете го бројот на цигари и на алкохолни пијалаци.

… Привлечност

Што и да мислите за сестрите Кардашијан, тие дефинитивно знаат едно нешто – силниот ефект на долгите трепки. Долги, густи трепки создаваат впечаток на крупни очи.

За среќа, постојат неколку начини за постигнување на овој ефект.

Прво, тука е виткачот на трепки. Потоа, нанесување повеќе слоја маскара на краевите на трепките.

Се разбира, проширени зеници се природен начин да испратите секси-сигнали, но единствен начин да го постигнете тоа на природен начин е да престојувате долго време во соба со затемнето осветлување.

Прочитајте и: 10-те најубави: Ова се жените со совршени црти на лицето според сите естетски…

… Умор

Ако некој искоментира дека изгледате уморно, тогаш причините за тој коментар се веројатно вашите подочници. Еден од начините да спречите отекување на капаците е да ја смените положбата во која спиете.

Ако секогаш „нуркате“ во перницата или ако спиете без неа, тогаш под дејство на гравитацијата течноста се слева во капаците.

Од друга страна, пак, ако спиете на висока перница предизвикувате дренажа на течностите. Ако и понатаму се будите отечени, држете вреќички чај од фрижидер на капаците неколку минути.

Темните подочници се обично последица на присуството на темен пигмент или на вени под очите.

Откријте ја причината така што нежно ќе ја потегнете кожата од овој дел.

Ако не се смени бојата, се работи за пигмент.

Ако кожата стане посветла, тогаш во прашање се вени.

Препарати со хидрокинон ќе ви помогнат во првиот случај, а во вториот пробајте козметички производи на база на ретинол и пептиди, кои стимулираат создавање колаген.

Се разбира, антиридот никогаш не е вишок.

… Убавина

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.