Откријте што зборува вашиот поглед

Очите во центарот на вниманието

Едно истражување покажа дека лицата со изразен лимбален прстен се сметаат за најпривлечни. Најлесен трик за постигнување на овој ефект е сенчење на горниот и на долниот раб на окото со ајлајнер.

Прво, порабете го окото со течен ајлајнер, а потоа преку тие линии втријте малку сенка, со што ќе го ублажите ефектот. Широко поставени очи се исто така еден од факторите на класичната убавина.

Една студија покажа дека за најпривлечни жени се сметаат оние кај кои растојанието меѓу центарот на очите е отприлика половина од ширината на лицето.

Избегнувајте да нанесувате многу шминка кон работ на носот, бидејќи тоа визуелно го намалува растојанието меѓу очите. Денес сепак владеат помалку строги правила на убавина.

Доказ? Па Сара Џесика Паркер се смета за една од најубавите жени, а очите ѝ се толку блиску.

Тајната на ВИП-визажистите

Црниот ајлајнер, кој го користат многу ѕвезди, не е клучен фактор за постигнување вамп-изглед.

Изразеност на очите може да се постигне со светли сенки и моливи за очи.

Значи, прво нанесете сенка во прав со боја на шампањско на капаците, а потоа нагласете го работ со малку светлокафена сенка.

Потоа, повлечете линија долж очниот капак со седефна сенка во златна боја.

Накрај, нанесете слој или два маскара.

Причитајте и: Холивудски трикови за топ-форма

САКАТЕ ДА ЈА СМЕНИТЕ БОЈАТА НА ОЧИТЕ? Извинете, но зошто?

Многу жени копнеат по друга боја на очите, обично посветла од онаа што ја имаат од раѓање. Засега единствен начин да се постигне тоа се контактните леќи во боја.

Но освен што кратко трае, овој начин подразбира голем труд и мака при ставање и одржување на леќите, а може да предизвика и одредени нус-појави, како што се иритација, црвенило и солзење на очите.

Накрај, кај најголем број случаи, бојата со која сте родени (на очи, коса, тен) најчесто е најдобрата!

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Pixabay, Getty Images, Thinkstock Photos

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.