3 чекори до одличен изглед по тренингот

Применете го нашиот козметички план

Вежбањето е многу корисно за телото, но не и за кожата и за косата. Никому не му се допаѓаат зацрвенетото лице, испотеното тело и разбушавената коса по тренингот. Но доколку редовно го применувате нашиот козметички план – ќе изгледате одлично, исто како и што ќе се чувствувате по излегување од фитнес-центарот.

Пред тренингот…

Отстранете ја шминката од лицето, бидејќи во спротивно ризикувате да ви се појават акни. Поради засиленото потење, пудрата и руменилото се впиваат во кожата и предизвикуваат затнување на порите и појава на акни.

Значи, ако немате време да ја отстраните шминката пред да отидете на тренинг, тоа можете да го направите и во теретана со помош на влажни марамчиња за отстранување шминка.

Потоа, фатете ја косата во лабаво коњско опавче. Доколку ја стегнете со ластиче, влакната ќе ви се прекршат на видливо место. Освен тоа, влажната коса (од потењето) е склона кон полесно пукање и оштетувања на влакната.

Добра опција е и употреба на лента што добро впива пот и ја држи косата подалеку од лицето.

Прочитајте и: Фитнес за жените 45+

За време на тренингот…

Повремено избришете ја потта од лицето и од телото со мека, памучна крпа, која секогаш треба да ви биде при рака. Избегнувајте енергично да ја триете кожата – наместо тоа, нежно истапкајте ја. Триењето може да предизвика црвенило и иритација, кои често не се повлекуваат ни по неколку часа.

Совет-плус: Трудете се за време на целиот тренинг косата да ви биде собрана во лабаво опавче.

Прочитајте и: Телото во подобра форма и поздрав сон – сè за осум минути

По тренингот…

Измијте го лицето. Ако немате време темелно да го исчистите, доволно ќе бидат хидратантни влажни марамици. Задржувањето на потта на лице исто така може да предизвика појава на акни.

За туширање користете купка што сте ја понеле од дома. Ако немате доволно време да ја измиете и да ја исушите косата. Можете да ја средите и без употреба на вода.

Пред туширање попрскајте ја со тоник со честички што ги затвораат кутикулите и ги заштитуваат влакната. Освен тоа, пареата и топлината во туш-кабината ќе му овозможат на тоникот подлабоко да продре до темето и ефикасно да го исчисти.

Туширајте се стратешки. Тоа значи дека треба добро да ги измиете деловите од телото што најмногу се испотиле за време на вежбањето. Претерана употреба на купка може да ја исуши кожата. Откако ќе се исушите, обликувајте ја влажната коса на вообичаениот начин – со фен или со фигаро – доколку сте ги зеле од дома.

Накрај, дискретно нашминкајте се. Тоа подразбира обликување на веѓите со четкичка, нанесување неутрална сенка за очи и повлекување тенка линија со ајлајнер. Потоа следува слој маскара, малку руменило и кармин во боја на усните.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images, Pixabay, Thinkstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.