Каква е Кејт Мидлтон во приватниот живот: Жена која навистина го живее она што јавно го зборува!

Близок пријател открива

Тоа е живот на една обична вработена мајка со три мали деца, само што таа има малку поинаква работа од повеќето жени

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, е една од најпопуларните жени на светот и дефинитивно е една од најприсутните во медиумите, бидејќи ѝ е интересна на јавноста.

Без разлика дали се работи за облеката што ја облекла или за (ретките) пикантерии од приватниот живот, луѓето постојано се интересираат за неа, а особено за тоа каква е кога камерите се исклучени и кога нема папараци во близина.

Во интервју за магазинот „Пипл“, пријател на британската војвотка кој сакал да остане анонимен, го открива токму тоа – каква е Кејт приватно, на што е најмногу посветена и како се однесува со луѓето околу себе.

„Таа најдобро се чувствува дома – нормална куќа полна со обврски и деца што трчаат наоколу, расфрлаат предмети и прават белји. Кога ќе ја видите зад затворени врати со децата, таа е мајка полна со самодоверба, но кај неа нема претерување. Децата секогаш се искарани ако претераат во нешто“, раскажал изворот.

Иако е позната по беспрекорниот изглед, пријателот тврди дека дома е потполно опуштена.

„Косата ѝ е врзана во коњско опавче, носи многу малку шминка, а облекува спортска облека за вежбање или најобичен удобен фустан и патики. Ако некаде доцни, прво се јавува да се извини. Тоа е животот на една обична вработена мајка со три мали деца, само што таа работи малку поинаква работа од повеќето жени“, раскажал пријателот на Кејт.

Изворот открива и дека за Кејт најголемиот приоритет се децата, принц Џорџ (7), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2) и дека се труди нивното воспитување и растење да биде што е можно понормално.

„Многу ѝ е важно децата да пораснат со нозе на земја и да бидат свесни за реалниот живот.“

Според пријателот, во текот на викендот, Кејт ги носи децата во Mable’s Paint Pot, каде што учат да бојосуваат садови и да прават десерти. Со сопругот принц Вилијам често излегува навечер во локални пабови, каде што зборуваат за децата и животот, како и сите други парови и родители.

„Би биле изненадени од тоа колку се тие нормален и прекрасен, заљубен пар“, тврди пријателот.

Кога ситуацијата со епидемијата на коронавирус дозволува, Кејт ги носи децата кај нејзините родители за да поминат време со нив, но и за да си олесни себеси. Кога никој од роднините не може да ги чува децата, Кејт се потпира на семејната дадилка Марија Борало, која е со нив од 2014 година, кога принцот Џорџ имал осум месеци.

Кејт има и своја десна рака, Наташа Арчер, која ѝ е пријателка, стилист и личен асистент.

„Кога ќе ги погледнете луѓето околу Кејт, тоа е еден мал, близок тим. Кејт би била изгубена без Марија, Наташа и другите на кои има навикнато. Сите работат напорно, но ќе направат сè за да може Кејт да постигне рамнотежа“, открива пријателот.

Како што тоа ѝ е приоритет во работата, менталното и емоционалното здравје се од клучно значење и во нејзиниот приватен живот.

„Таа не се плаши да ги сподели и тешките искуства што лично ги доживеала во својот живот и во воспитувањето на децата“, раскажала Кет Рос, директорка на организацијата Baby Basics, во која Кејт волонтирала летоска.

„Таа навистина го живее она што го зборува јавно“, заклучил пријателот на Кејт.

Откриени се непознати детали за раскинувањето на Кејт Мидлтон и Вилијам: Принцот не сакал да ја направи истата грешка како Чарлс!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.