Откриени се непознати детали за раскинувањето на Кејт Мидлтон и Вилијам: Принцот не сакал да ја направи истата грешка како Чарлс!

Војводата и војвотката од Кембриџ во 2006 година раскинале по долгогодишна врска. Сега испливале детали од тој период

На десетгодишнината од свршувачката на Кејт Мидлтон (38) и принц Вилијам (38), британските медиуми објавиле помалку познати детали од времето кога војводата и војвотката од Кембриџ биле во врска, а во еден момент и раскинале.

Имено, пред неколку дена објавено е дека својата љубов ја спасиле со наводен таен договор за време на одморот во луксузно одморалиште на Сејшелите.

Парот своевремено ставил точка на својата петгодишна врска откако принц Вилијам почувствувал силен притисок поради венчавката за која не бил подготвен во тоа време.

Кејт во тој период била окупирана со семејни обврски и дружење со пријателите, а додека раскинувањето не испливало во јавност, пријателите на војводата од Кембриџ знаеле сè.

Младиот принц во тоа време често излегувал во ноќен клуб во центарот на Лондон, а вечерта пред да биде објавена веста за раскинувањето, тој одлучил да ја помине со пријателите на шанк.

„Кејт тие денови излегуваше храбро во јавност и ништо на нејзиното лице не издаваше колку е скршена поради раскинувањето, а цело време имаше план да му покаже што пропушта. Посетуваше настани кои веќе не ѝ беа ограничени поради кралските протоколи, а често беше во друштво на својата сестра Пипа. И понатаму одеше на местата што ги посетуваше со Вилијам, а се чини дека сето тоа било добро испланирано. Дури и со своите модни избор испраќаше јасни пораки дека има нешто поинакво во нејзиниот живот, па се облекуваше помалку сериозно за разлика од тогаш кога беше во врска со Вилијам.“

Во тоа време, британските медиуми ја поврзувале со неколку мажи, кои подоцна зборувале дека само се дружеле.

„Кејт беше лошо расположена и често одеше на тренинзи по веслање за да ги тргне мислите од раскинувањето. Ѝ требаше време само за неа“, изјавила една нејзина пријателка.

Кејт подоцна им раскажала на медиумите дека тој период ја зајакнал и открила работи што не ги знаела за себе.

Вилијам не сакал да ја направи истата грешка како татко му, принц Чарлс, па почнал да се премислува.

Сепак, повторно требал да ја освои Кејт. Ѝ го скршил срцето, па морал да биде внимателен околу секој свој потег.

Парот повторно почнал да излегува по само неколку месеци, а за нивната љубов пресудила забавата на која присуствувале и двајцата.

На јавноста сè ѝ станало јасно кога се појавиле заедно на концерт по повод десетгодишнина од смртта и 46-ти роденден на принцезата Дајана, а парот една недела подоцна се појавил и на прославата за 60-от роденден на Камила Паркер.

На концертот паднале страсни бакнежи во просторот зад сцената кој бил послан со цветови и украсен со свеќи. Сето тоа се обиделе да го направат далеку од очите на јавноста, но тоа не им успеало.

Потоа, отпатувале на Сејшелите, каде што и паднал договор за кралската венчавка.

По нејзин предлог склопиле таканаречен брачен договор, на кој Вилијам наводно се согласил, а кој подразбирал судбоносното „да“ да го изговорат откако тој ќе ја заврши воената обука и сите должности во морнарицата и военото воздухопловство.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам кријат голема тајна од нивниот син Џорџ – Сакаат да го заштитат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.