Слоевитите комбинации се едноставни ако ги имате овие 5 парчиња облека: Не можете да згрешите со овие трикови

Совладајте ја техниката

Зимите се идеални за слоевито облекување

Ако се прашувате како да комбинирате различни парчиња облека за да добиете слоевит ефект, ние ви откриваме кои комбинации се стилски и истовремено функционални

Ролка под кошула

Оваа комбинација ќе внесе разновидност во деловниот дрес код, но и ќе ве згрее за време на декемвриските денови. За да не ви се проѕира ролката, горниот слој треба да биде од подебел материјал. Можете да комбинирате со парчиња од иста боја, но со различна текстура и ќе добиете многу интересни ефекти на сенки.

Плетен елек и кошула

Елекот е исто толку топол колку и џемперот, но е попрактичен. Елекот ви дава можност за разни слоевити комбинации и можете да го комбинирате со романтични фустани, блузи и ролки. Ние ви предлагаме да носите елек со предимензионирана кошула и јакна во снежно бела боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Débora Rosa (@deborabrosa)

Ролка под џемпер

Тенката ролка под џемперот со подвиткани ракави е трик што ни е познат од Раф Симонс, бидејќи го користи во своите машки, но и женски колекции. Изгледа како наједноставното нешто на светот: ролка и џемпер – но овие две парчиња заедно изгледаат апсолутно модерно, дури и футуристички, особено ако се одлучите за контрастни бои.

Ролка под фустан

Ролката, се чини, е најдоброто парче за поедноставување на елегантните парчиња и нивно претворање во секојдневни. За ваквите комбинации не е лошо да набавите две сигурни опции: ролки во бела и црна боја (квалитетни, но не прескапи брендови) и од потенок материјал, за да не ви се брчкаат и набираат под фустанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek)

Бела кошула под фустан

Уште еден пример како почесто да носите свечени фустани. Белата кошула ќе ги направи помалку елегантни, додека истовремено целата комбинација автоматски ја прави свежа и отмена, како бисерен ѓердан.

Фустан врз панталони

Комбинирањето панталони и фустан веќе стана стандард, но и овде има нови начини на стилизирање. Покрај широките панталони под уште поширок фустан, во новите колекции ќе најдете и модели од многу лесни материјали, кои се преудобна алтернатива за фустаните за вечерни пригоди.

Моден хит број 1 за 2021 година: Ова ќе биде најпопуларниот накит и детаљ на облеката!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.