Слаткарски трикови: Научете како се приготвува францускиот деликатес суфле!

Испечете совршено суфле

Освен слаткото, многу популарно е и соленото суфле, за кое важат истите правила на приготвување

Овој сладок десерт одамна се наоѓа на менито на престижните ресторани во светот – придржувајте се до проверениот рецепт, па пригответе слатко што може да му парира.

Состојки:
  • 40 г путер
  • 40 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 200 мл млеко
  • 120 г шеќер + мало за посипување
  • 140 г црно чоколадо
  • 4 јајца
  • прстофат сол

Приготвување:

1. Се меша 30 г путер со екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, па со рака се поврзува.

2. Во тенџере се става млекото, се додава 110 г шеќер, па се вари додека зоврие. Потоа се додава приготвената смеса, па се продолжува да се вари на умерена температура, со непрекинато мешање со маталка, додека се згусне. Во смесата се ставаат коцките чоколадо, па се меша додека се стопат. На крајот се додаваат жолчките, па се трга од огнот.

3. Посебно во сад се поврзуваат белките и прстофат сол, па се матат во цврст снег, постепено додавајќи го преостанатиот шеќер.

4. Во чоколадната смеса се додава по малку снегот од белките и со шпатула се соединува.

5. Со преостанатиот путер се премачкуваат 6 керамички садови за мафини, па се посипуваат со шеќер. Во нив се додава приготвената смеса за суфле до врв, па се израмнува по потреба.

6. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, десетина минути.

Испечете совршено суфле

  • Приготвувањето на суфлето нималку не е едноставно како што изгледа и навистина на малкумина им успева тоа од првиот обид. Меѓутоа, ако ги послушате проверените совети на искусните слаткари, ќе го приготвувате со уживање и без грешка – секојпат!
  •  За приготвување на овој десерт снегот мора да биде изматен беспрекорно. Поради таа причина, важно е белките да се свежи, претходно отстоени на собна температура и во нив да нема траги од жолчки. Садот во кој се мати снегот, како и маталките на миксерот, не смее на себе да имаат траги од маснотија или влага. Исто така, белките побрзо ќе ги изматите ако им додадете прстофат сол. Немојте да ги прематите, снегот треба да биде доволно цврст за да остане во садот и кога ќе го превртите наопаку – тоа е знак дека е крај на матењето.
  • Садовите во кои ќе ја ставите смесата за суфле (најдобро керамички) треба да бидат отпорни на топлина, премачкани со путер и посипани со шеќер. Откако ќе ја додадете смесата во нив, задолжително ставете ги во претходно загреана рерна – немојте да ја отворате во текот на печењето, за да не падне тестото поради контактот со ладниот воздух. Поради истата причина, суфлето се послужува штом е готово, но и поради неговата сочна кремлива средина, која ја губи формата кога ќе се олади колачот.
  • Бидејќи по печењето кратко ја задржува првобитната форма, главно се послужува во малите керамички садови во кои се печело. Сепак, може да се сервира и на чинија, во тој случај е потребно колачот да се одвои со нож од работ на садот, па внимателно да се префрли во чинијата. Се послужува со сладолед, овошен прелив, растопено чоколадо или со шлаг.
  • За приготвувањето на суфлето најдобро е да одберете помали керамички садови за една порција.

Извор: Добра храна

Ултимативен крал помеѓу колачите: Чоколадното суфле е сензација за сите сетила!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.