Каде исчезна познатиот фраер и што е со неговото лице?! Најплатениот холивудски актер личи на полнета патка!
Актерот е непрепознатлив
Холивудскиот актер по кој воздивнуваат голем број жени, повеќе не личи на себе
Најпознатиот акциски холивудски херој Том Круз бил речиси непрепознатлив кога се појавил на натпреварот во Сан Франциско. Медиумите и социјалните мрежи зујат само за неговото лице, кое изгледа изобличено.
„Или Том Круз се здебелил или лицето му е полно со филери. Мислам дека се филери“, е најчестиот коментар откако биле објавени фотографиите до Том Круз на натпреварот.
Лицето на актерот е видно пошироко и деформирано.
Повеќето обожаватели се прашуваат што направил Том Круз со лицето?
Меѓутоа, некои го бранеле актерот, велејќи дека качил килограми бидејќи веројатно снима некој филм поради кој мора физички да се трансформира.
Исто така, многумина потенцирале дека не треба да се исмева лицето на актерот, бидејќи можеби има здравствен проблем – но укажале дека и Круз ги исмевал своите колеги кои земаат лекови.
Имено, актерот во 2005 година влегол во конфликт со Брук Шилдс поради нејзината употреба на антидепресиви во борбата со постпородилна депресија. Тврдел дека тоа е „против црквата“.
Брук остро му возвратила:
„Том би требало да се држи до спасувањето на светот од вонземјани и да им дозволи на жените што страдаат од постпородилна депресија да одлучат кои опции за лекување се најдобри за нив“, рекла тогаш Шилдс.
Актерката открила дека една година подоцна, Круз дошол во нејзината куќа да ѝ се извини.
„Бев многу импресионирана од тоа колку беше искрен. Во ниту еден момент не почувствував дека морам да се бранам, ниту тој се обидуваше да ме убеди во што било друго освен во фактот дека длабоко му е жал. И го прифатив тоа.“