Оваа, навидум, безопасна навика го уништува нервниот систем: Веднаш престанете да го правите ова!

Тврдење на невролозите

Внимателно прочитајте го текстот!

Многумина од нас постепено почнуваат да ги чувствуваат последиците од современиот живот и претераните информации што ги добиваме на дневно ниво. Последиците главно вклучуваат отсутност, ментален замор, оштетено помнење и недостиг од креативност.

Невролозите се обиделе да ги објаснат причините за оваа состојба и како да таа да се одбегне. Тие дошле до заклучок дека мултитаскингот (правењето повеќе работи одеднаш) го уништува мозокот!

Нашиот мозок може да прима информации и да ги обработува или да се фокусира на одреден проблем, но неопходен му е одмор. Ако си наметнуваме премногу обврски или информации, мозокот почнува да се заморува.

Не е корисно да се бомбардира мозокот со многу информации истовремено, ниту да се извршуваат неколку задачи во исто време. Оваа навика со текот на времето почнува да го оптоварува мозокот, тој полека се изморува, а ние стануваме помалку продуктивни и креативни. Губиме фокус и концентрација, па со самото тоа правиме и пропусти.

Меѓутоа, најголемиот проблем не е тоа што ќе станеме помалку продуктивни, туку дека ова ќе се одрази и на нашето ментално здравје. Како последица на преоптовареност, се губат когнитивните способности.

Како мултитаскингот влијае врз нашиот мозок:
  • Мултитаскингот влијае врз мозочните клетки на истиот начин како и прескокнувањето на сонот.
  • Вкупното ниво на кортизол расте, што доведува до хроничен умор. Освен тоа, некои научници тврдат дека нивото на интелигенција паѓа за 10 поени како последица на преоптовареност.
  • Исто така, потребен е голем ментален напор за дефокусирани од една задача, да ѝ се вратиме и повторно да нурнеме во претходната. Секој нареден пат станува сè потешко да ѝ се фокусираме на задачата, сè потешко е да се одржува концентрација, а како последица на тоа, мозочните клетки страдаат.
  • Ова истоштува и ја намалува способноста да им се одолее на искушенијата.
Дајте си го ова на себе како обврска доколку сакате да го сочувате мозокот и здравиот разум:
  • Додека ја извршувате задачата, исклучете ги сите фактори што ве деконцентрираат.
  • Започнете нова задача дури откако ќе ја завршите претходната.
  • Кога работите на голем проект, задолжително правете пауза по секој час.
Фокус и храна: 6 намирници кои помагаат кога мозокот „се блокира“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.