Улогата на дефектологот: Погледнете како изгледа часот на малиот Део (ВИДЕО)

Весела дружба со Стефи

Секојдневно се сретнуваме со сè повеќе дечиња кои се класифицирани како деца со пречки во развојот. Тоа е резултат на зголемена свест кај самите родители, но и кај педијатарите и воспитувачите, поради што децата се вклучени во процесот на рана интервенција.

Дефектологот пред сè, помага при проценувањето на детето, во поглед на неговиот моторен и когнитивен развој.

Тој спроведува низа тестови и врши опсервации, сè со цел што подобро да се запознае со детето и неговите способности.

Процената ја прави во посебно наменета и опремена просторија (сензорна соба).

Со овие деца, дефектологот работи индивидуално. Вежбите и активностите се преточени во игра, која за децата во овој период е најлесниот и најдобриот начин на комуникација.

Преку неа, дефектологот применува вежби за психомоторен развој, сензомоторна интеграција, изведување на секојдневните активности, како и на она најважното – социјализација со врсниците.

Погледнете ја приказната од вистинскиот живот на Сања Ристиќ, мајка на две и полгодишниот, неодолив Део, која дозволи да ѕирнете во невното секојдневје.

Во соработка со родителите дефектологот поставува цели и задачи. Изработува индивидуален план за работа со детето зависно од неговите карактеристики и ги прилагодува се со цел подобри резултати во развојот на детето.

Во насока на поддршка на детскиот развој ДНА АННИ ФАРМ ви препорачува:

BECUTAN KIDS VITS Мултивитамини (сируп со вкус на портокал)100ml – Аптека ДНА Анни Фарм (annifarm.com.mk)

Сируп Becutan KIDS VITS Мултивитамини, кој е наменет за дополнување на исхраната кај децата и за поддржување на детскиот раст и развој.

Во продолжение, погледнете како изгледа еден час во Центарот за рана интеревенција и стимулација на деца и возрасни, а начинот на кој тие работат го споделуваме во продолжение:

 

Текст и фото: ПР

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.