Повеќе од милион луѓе ја гледале оваа снимка: Што се случило со лицето на Том Круз?! (ВИДЕО)

Разликата е драстична!

Се шушка дека славниот актер станал редовен гостин на клиниката за естетска хирургија

Актерот Том Круз со синот Конор, кого го посвоил во бракот со Никол Кидман, во саботата бил снимен на бејзбол натпревар во Сан Франциско.

Токму оваа снимка за рекордно време го обиколи светот, а го гледале повеќе од милион луѓе и сите се прашуваат само едно нешто: „Што се случило со лицето на славниот актер?“

Круз бил видно расположен, но на обожавателите им паднал в очи неговиот нов изглед, кој на социјалната мрежа Твитер предизвика вистинска расправија. Корисниците не престануваат да ја споделуваат оваа снимка, а негативните коментари само се нижат.

„Престани да си го уништуваш лицето, те молам“, „Или направил нешто со лицето или се здебелил“, „Што по ѓаволите се случува со неговото лице? Дали ова е некаква алергиска реакција?“, можело да се прочита помеѓу другото.

Имало и такви што го бранеле актерот:

„Мислам дека само се здебелил, но и понатаму изгледа феноменално“, „Негово лице, негова работа. Не разбирам зошто толкава драма.“

Што мислите вие? Дали претерал со ботоксот или само качил некој килограм?

Том Круз никогаш не се борел за старателство над ќерката: Еве зошто кренал раце од Сури!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време