Ја сакал Моника Белучи, а сега оваа жена е центар на неговиот свет: Помлада е три децении и изгледа како бомба!

Љубовта не знае за години

Тој и понатаму важи за неприкосновен заводник, а Тина изгледа како милион долари!

Венсан Касел (53) е познат француски актер чиј шарм веројатно никогаш нема да може да се објасни! Многумина тврдат дека е „симпатично грд“, но фактот што отсекогаш бил со најубавите жени на светот, покажува дека има тука некоја магија. Неговата прва сопруга Моника Белучи и до ден-денес е на првото место на многу топ листи на светски убавици.

Неодамна, папараците го уловиле како ужива со својата млада сопруга Тина Кунаки, а мора да се признае дека таа изгледа одлично – како на модна писта. Како што е познато, Тина ужива во својата убавина и во тоа да го покажува своето тело, па така позирала гола и во бременоста.

Па затоа, не е ни чудно што одбрала разголен костим за капење за да ужива на плажа во Рио де Жанеиро!

Папараците се воодушевени, а што мислите вие? Дали тие се добар пар?

Лудилото и паниката не допираат до нив: Актерот (53) ужива во секоја минута помината со сопругата (23)!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.