И покрај нарушените односи на браќата, Вилијам и Хари заедно ќе ја откријат статуата на покојната мајка

Чин полн со емоции

И покрај нарушените братски односи, пред сè поради скандалозното интервју на принцот Хари и Меган Маркл со Опра Винфри, принцот Вилијам и тој сè уште планираат да ја испочитуваат својата обврска и да постават статуа на нивната мајка, принцезата Дијана, на денот кој би бил нејзинот 60 роденден.

Врската на браќата е предмет на многубројни шпекулации откако на 7 март беше емитувано интервјуто на војводата и војвотката од Сасекс.

Сега, британските медиуми цитираат неменуван извор кој тврди дека тие планираат да го „скршат мразот“ пред да се појават заедно во јавноста при поставувањето на статуата на принцезата Дијана на 1 јули 2021 година.

И покрај разидувањата и несогласувањата, браќата сè уште се комплетно поврзани кога станува збор за зачувувањето на наследството на нивната мајка“, рекол изворот за списанието „Ју-ес магазин“, додавајќи:

Вистинска штета е што во вакви лоши односи влегуваат во ова бидејќи ќе биде многу емотивно. Тоа ќе биде чин со многу емоции. Дијана не би сакала нејзините синови да бидат во оваа горка битка – а и Вилијам и Хари добро го знаат тоа“, вели изворот.

Принцовите првично ја нарачале статуата во 2017 година за да ја одбележат 20-годишнината од нејзината смрт и да оддадат почит на нејзиното позитивно влијание во Велика Британија и низ целиот свет.

Во август минатата година, тие објавија ретка заедничка изјава во која наведоа:

„Статуата ќе биде поставена во потонатата градина на палатата Кенсингтон на 1 јули 2021 година, по повод 60-от роденден на принцезата.“

Според инсајдер од палатата, сите се надеваат дека ова ќе помогне да се залечат старите рани.

Со обзир на тоа што двајцата принцови се заплеткани во раздор што ќе ѝ го скршеше срцето на нивната мајка, се чини дека токму таа може повторно да ги обедини.

Дијана принцезата од Велс, принцот Вилијам и принцот Хари во 1993 година.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.