Тајни на примена на коректор: Помалку е повеќе

Совети од експерт

Мали тајни на големите шминкери кои дефинитивно треба да ги откриете и да ги испробате …

Нема магичен совет што одговара на сите при примена на коректор, па затоа треба да испробате неколку трикови за да откриете која техника најдобро одговара на вас:

Шминкерката Џeалис Џаикаран сподели совет за нанесување на коректор на фини линии:

Првиот совет – помалку е повеќе.

– Што се однесува до производот, изберете коректори кои се лесни, не густи и кремасти. Таквите прикривачи го зголемуваат брчкањето на кожата и создаваат акумулации на производи на лицето – објаснува шминкерката.

Бестежинската формула, односно коректорот кој е полесен на вашето лице, ќе изгледа многу поприродно и нема да создаде брчки.

– Помалку е повеќе кога станува збор за прикривање на зрела кожа. Изедначувањето на тонот на кожата треба да биде приоритет и само тогаш да се покријат линиите и брчките – вели Џеалис.

Што се однесува до нанесувањето на производот, шминкерката препорачува наместо ставање рамномерен слој коректор (или во полумесечина или во превртен триаголник), ставете мали точки од производот на очните капаци, внатрешниот агол на очите и сите други области што сакате да ги покриете.

– Користете мала количина коректор во точки и лесно намачкајте ја или допрете ја. На тој начин, производот ќе „лежи“ убаво на кожата – објаснува таа.

Како заклучок, се разбира, помалку е повеќе, поефикасно, поприродно и поекономично.

Прочитајте и: Митови и факти за маслата за кожа

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.