ХОРОР: Актерката и нејзината другарка биле силувани во нејзиниот дом од осуденик (ВИДЕО)

Сопругот бил заврзан и со превез на очите

Актерката Френ Дрешер во интервју за „Си-ен-ен“ отворено зборуваше за нападот што го доживеала во 1985 година, кога непознат маж влегол во нејзината куќа и ги силувал неа и нејзината пријателка, додека нејзиниот тогашен сопруг, Питер Марк Џејкобсон, бил врзан и со превез на очите. Дрешер тогаш имала 28 години, напаѓачот, кој дошол со својот брат, бил на условна казна, која ја прекршил.

 

Тешко е да се помисли дека бил приведен, а потоа пуштен на слобода, со што му е дадена шанса да ме повреди мене, мојата другарка и други жени“, изјавила Френ, и открила дека благодарение на својата фотографска меморија, на полицијата и’ помогнала да направи фоторобот според кој силувачот бил пронајден и уапсен.

Барем го имав тој завршеток кој многу жени го немаат. Тој е затворен сега и никогаш нема да го повтори делото, така што не морам да се плашам дека ќе го сретнам зад некој агол“, рекла Дрешер.

Инаку, во 2000 година на актерката ѝ бил дијагностициран рак на матката, за кој смета дека е резултат на тоа трауматично искуство.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.