Подари венчавката со тинејџерка ја запустил актерската кариера

Тој имал 50, а таа 16 години кога се венчале

Холивудскиот актер Даг Хачисон признал дека кариерата му пропаднала затоа што се заљубил, а потоа и се оженил, со тинејџерката Кортни Стоден.

Имено, Хачисон, кој е најпознат по улогата на негативецот во култниот филм „Зелена милја“, се оженил со Кортни во 2011 година кога имал 50 години, а таа 16, а денес тврди дека кога се дознало за таа врска, тој се нашол на црната листа во Холивуд.

Актерот се колне дека не можел ни да претпостави дека разликата од 34 години ќе предизвика толкави реакции во јавноста, и шокиран е од фактот што бракот ги загубил добрите актерски ангажмани.

Хачисон истакнува дека не жали за нешто, но дека сепак би сменил некои работи во животот кога би му се укажала можност за тоа.

Ако помисливте дека бракот со Кортни е една од тие работи -се излажавте!

Не жалам за ништо. Беше тоа прекрасно и моќно патување. Слатко и горчливо патување со Кортни“ – рекол тој.

Инаку, двојката се разделила во 2017 година, но дури во јануари оваа година завршиле судските процедури, па и официјално се разведени.

Извор: press24.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.