Емина Јаховиќ ја „извади“ сестра си на мегдан (ФОТО)

Академикот во семејството

Поп-пејачката Емина Јаховиќ одлучи на своите следбеници на Инстаграм да им ја претстави постарата сестра Сабина Јаховиќ, со која досега нема позирано во јавноста.

Јас и мојата постара сестра, иако таа не изгледа како да е постара. Академскиот граѓанин во семејството. Дозволете ми да ве запознаам со докторката Сабина Јаховиќ“, Емина објасни во описот на фотографијата.

Покрај Сабина, Емина го има и постариот брат Мирсад Туркџан, кој беше познат турски кошаркар.

 

Инаку, популарната пејачка досега најредовно објавува фотографии со мајка си Сенија Јаховиќ. Нејзиниот татко, кардиологот Нусрет јаховиќ ненадејно починал кога Емина имала само 13 години.

 

 

View this post on Instagram

 

Mama #love

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

Татко ми рано нè напушти и мајка ми мораше да работи во ординацијата. Неговото заминување ќе ме боли засекогаш. Мислам дека мајка ми сè уште не може да се помири со неговата смрт. Тоа беше полесно за него, но потешко за сите нас“, своевремено изјави Емина за порталот pink.rs.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.