Џастин Бибер за сексуалниот живот: „По цел ден водам љубов со жена ми!“

Му годи бракот :)

Пејачот Џастин Бибер им откри на своите обожаватели детали од приватниот живот. После концертот во Лондон, фановите имаа можност да го прашаат Џастин се што ги интересира, а еден обожавател го прашал што тој и неговата сопруга Хејли прават во слободно време.

Можете и самите да заклучите што правиме по цел ден. Тоа станува прилично лудо и навистина знае да биде се што правиме по цел ден. Добро, гледаме и филмови. Особено сакаме да гледаме Нетфликс и одмараме, но дефинитивно правиме повеќе од одмарање“, изјавил Џастин со насмевка на лицето.

Џастин и манекенката Хејли тајно се венчаа во 2018 година, а минатата година ги обновија брачните завети со поширок круг на луѓе, кога направија и поголема прослава.

Да се биде женет е супер работа, но немојте погрешно да ме сфатите, бракот е тежок и на него треба да се работи. Да е лесен, сите брзо би се впуштиле во тоа. Доколку сакате да се венчате и имате деца, треба да работите на тоа“, ги советувал Џастин присутните обожаватели.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.