Холивуд во шок: Актерот Алек Болдвин уби жена и повреди маж на снимање на филм!

Актерот плачел кога го давал исказот во полиција...

Фото: Getty Images

Холивудскиот актер Алек Болдвин застрела жена, додека еден маж бил повреден кога на снимањето на филм во Ново Мексико испукал куршуми од филмски пиштол.

Несреќната жена, Халина Хачинс била пренесена во болница, но подоцна подлегнала на повредите.

Фото: Принтскрин

Вториот повреден во инцидентот бил режисерот на филмот Џоел Соуз (42).

Двајцата заработиле прострелни рани кога актерот Алек Болдвин (68) го празнел огненото оружје. Него го испитале полициски инспектори, а актерот постојано плачел“, соопштиле од полицијата.

Несреќната жена имала 42 години, а работела како снимателка на сетот и директор на фотографија.

Несреќата се случила поради погрешно управување со пиштолот, и тоа во црквата каде што се снимал филмот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.