Ова се првите фотографии на Алек Болдвин откако случајно застрела колешка: Актерот е видно скршен! (ФОТО)

Несреќата се случила на снимањето на новиот филм „Rust“

Фото: Инстаграм

Актерот Алек Болдвин е потполно скршен откако случајно испука и ја уби снимателката Халина Хачинс (42) и го рани режисерот Џоел Соуза (48), а дека е така се гледа на фотографиите кои кружат на Твитер.

Прославениот холивудски актер телефонира, потоа ги става рацете на колената и ја наведнува главата.
До трагедијата дошло на снимање на филмот „Rust“ во Ново Мексико.

Пукањето се случило во дрвена црква, монтирана како дел од сетот.

Се верува дека Болдвин на сетот фатил во рака филмски пиштол и дека во таа пригода биле искористени погрешни куршуми, кои предизвикале смрт кај снимателката.

Фото: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.