Сека Алексиќ за трауматичниот настан поради кој била принудена да замине

Брутално искрена

Фото: Printscreen K1 TV

Сека Алексиќ е една од најпознатите фолк-пејачки денес, која може да се пофали дека со своето среќно семејство живее во луксузот што сама го создаде. Имено, ретко кој знае колку се намачила низ животот за да го создаде ова што го поседува денес.

Сепак, пејачката не се воздржува да зборува за своите најрани сеќавања и за тешката материјална ситуација во која растела.

По разводот на своите родители, Сека останала да живее со мајка си и со својот брат во Зворник, а поради војната, по завршувањето на четвртото одделение, била принудени да се пресели во селото Липолист во близина на Шабац.

Светлана со задоволство се сеќава на своето детство и раната младост, бидејќи, и покрај лошата материјална ситуација во која биле поради тоа што имале статус на избеглици, нејзината мајка Ибрима била многу пожртвувана и се трудела да работи и да им обезбеди парче леб на своите деца.

Сека веќе на 14 години почнала да пее во разни кафеани за да му помогне на семејството. Сакала да пее, секогаш била насмеана и токму таква ја паметат сите селани во Липолист, каде што и денес со радост оди и се среќава со своите соселани.

По настапот во Бјелина на фестивалот на народна музика „Моравски бисер“, каде што ја испеа песната „Идеално твоја“, Сека ја освојува првата награда од публиката, а на харизматичната црнка никој не остана рамнодушен, вклучувајќи го и нејзиниот иден сопруг, кого го запознава токму на фестивалот.

Меѓутоа, по кратко време, Сека и нејзиниот сопруг се разведоа, а таа набрзо го најде новиот партнер Зоран, кој исто така ѝ беше менаџер. Во 2007 година, Сека станува една од најбараните пејачки.

Денес е во среќен брак со Вељко Пиљикиќ, со кого ги има синовите Јаков и Јован, а по тешкотиите со забременувањето, Сека се сврте кон верата и манастирите, а отворено зборува дека би сакала да има уште деца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.