Долф Лундгрен се огласи за својата 40 години свршеница: „Ми го промени животот“

Веруваме дека е така

Долф Лундгрен, кој е најмногу познат по улогата на боксерот Иван Драго во „Роки IV“, има два брака зад себе и сега е свршен со девојка што е 40 години помлада од него.

Имено, 63-годишниот Лундгрен ја побарал за жена фитнес-инструкторката Ема Крокдал во јуни минатата година. Откако на Инстаграм ја објавија свршувачката, наидоа на потсмев и многумина под фотографијата прашуваа дали тоа е ќерка му, со оглед на тоа што има ќерка на нејзина возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Krokdal (@emmakrokdal)

Шведскиот актер призна дека не барал нова врска по „болната“ разделба од бившата девојка Џени Сандерсон во 2017 година, но сепак неговите чувства се смениле откако се запознал со Ема во јули, 2019 година.

 

Се чувствувам како многу среќен човек што имам некого како Ема на оваа возраст, тоа ми го промени животот и се надевам дека ќе ѝ дадам иста поддршка и помош“, вели тој. „Кога станува збор за тренингот, Ема ме учи работи кои не ги знам бидејќи сега има нов пристап кон фитнесот, а за кој не бев свесен. Кога тренирав со Силвестер Сталоне во 80-тите, тоа беше само основното.“

Додава дека тој и Ема се совршен пар, заедно се надополнуваат и дека таа му го променила животот.

Интересно е што медиумите пишуваат дека актерот е фотографиран со бурма на раката, пишувајќи дека всушност се оженил со скоро 40 години помладата свршеница. Иако веста не е официјално потврдена, парот очигледно не им придава значење на исмевањата и шпекулациите, додека ужива во љубовта.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Krokdal (@emmakrokdal)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.