Криси Тиген по загубата на детето: „Не знам зошто сè уште имам стомак, тажна сум, тоа ме фрустрира“ (ФОТО)

Непребол

Криси Тиген (34), сопруга на музичарот Џон Леџенд (41), го загуби своето бебе пред три месеци и сега објави фотографија на социјалните мрежи на која позира во тесен фустан, но сепак има стомак.

Ова сум јас и моето тело вчера. И покрај тоа што не сум бремена, секој поглед во огледало ме потсетува на тоа што можеше да биде. Не знам зошто сè уште имам стомак. Тажна сум, тоа ме фрустрира“ – напиша Криси и додаде:

 

Горда сум на тоа каде ова патување ги однесе моето тело и ум. Среќна сум што имам две неверојатни деца кои од ден на ден се претвораат во големи мали луѓе – пишува во овјавата која „собра“ илјадници пораки за поддршка за неколку часа.

Тиген истакна дека е благодарна што има две прекрасни деца – Луна и Мајлс, но е свесна дека не може да биде совршена секој ден. Откако го загуби синот, кого го нарекоа Џек, Криси сподели на Инстаграм серија шокантни фотографии на кои таа и нејзиниот сопруг го милуваа. Следбениците и обожавателите им испраќале пораки за поддршка и и рекле дека ја ценат нејзината искреност и дека се со неа во моменти на тага. Џон им се заблагодари за сè во објавата на социјалните мрежи.

Им благодарам на сите што се молеа за нас, ни испратија зборови за утеха и се сочувствуваа со нас. Ние ја цениме вашата љубов и поддршка повеќе отколку што вие самите знаете. Слушнавме толку многу приказни за други семејства кои ја доживуваат истата болка. Тоа е клуб во кој никој не сака да биде, но е утешно да знаеме дека не сме сами. Сигурна сум дека Криси ќе има многу повеќе да каже за тоа кога ќе биде подготвена“, рече музичарот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.