Шокантно интервју на Џенифер Лопез: „Свадбата нема да се случи“

Разочарана од сè, Џеј Ло се прашувала дали таа и Алекс Родригез се воопшто судени еден на друг

Многумина се шокирани од последната изјава на славната Џенифер Лопез со која поттикна многу шпекулации. Имено, во емисијата кај Енди Коен, Џеј Ло зборувала за нејзините планови и открила дека таа и Алекс Родригез се откажале од свадбената церемонија.

Се’ зависи од личните ставови – дали сакате воопшто да го направите тоа? Сфативме дека нема причина да брзаме. Беше многу тажно затоа што требаше да се венчаме во јуни во Италија. Планиравме сè детално. Значи, во март или април со трепет гледавме на сè што се случуваше околу нас. Свадбата нема да се случи. Италија беше најлошото место во светот во тоа време, и таму требаше да се венчаме. Тогаш реков: ‘Добро, мора да откажеме сè’,“ била искрена Џенифер, додавајќи дека потоа планирале свадба за крајот на оваа година. Сепак, околностите повторно не им дозволиле да го сторат тоа.

Разочарана од сè, Џеј Ло се прашувала дали воопшто се судени еден на друг. Како што посочила, околностите им дозволиле да размислат за сè добро и да одлучат да ја откажат церемонијата до ново известување …

Беше многу разочарувачки“, била искрена Џеј Ло, која подоцна признала дека откажувањето на венчавката им дала можност да размислат подобро за тоа што двајцата сакаат во иднина. „Работите ќе се случат кога ќе бидат судени, но тогаш мислите: Дали воопшто го сакаме тоа? Околностите ни дадоа можност да застанеме и да размислиме за тоа”, рекла Џенифер и додала дека нивната венчавка е „сепак важна”, но повеќе не им е проблем да чекаат.

Нејзиното искрено признание ги подгреа сомнежите дека во заднина има проблеми кои Џенифер не може да ги преболи. Која е вистината, ќе го дознаеме во моментот кога свадбите и венчавките повторно бидат дозволени…

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.