Додека нејзиниот народ умирал од глад, таа носела чевли од милион долари: Историјата не памети поарогантна прва дама!

Филипини

Не се грижела за другите

Веста дека семејството Маркос повторно ќе биде на престолот на филипинската заедница му ги врати на светот не толку убавите сеќавања на Имелда Маркос, која остана запаметена како најарогантната прва дама во историјата на човештвото.

На неодамна одржаните претседателски избори на Филипините, победата ја однесе Фердинанд „Бонгбонг“ Маркос, син на покојниот истоимен диктатор.

Во нивна чест била организирана голема прослава во домот на неговата мајка, Имелда Маркос, попозната како најарогантната прва дама.

Десетина години откако побегнала од Филипините со торби и кутии полни со накит, злато и кеш, денес 92-годишната Имелда конечно ја остварила својата главна амбиција – нејзиниот сакан син победи на изборите.

 

Новоизбраниот претседател ја опишал својата мајка како врвен политичар во семејство и како некоја што има големо влијание врз сите членови на семејството. Имелда е позната по суровоста, а се карактеризира со алчноста, што ја наследила од својот сопруг.

Нивното владеење завршило во 1986 година откако народот ги тргнал од власт. Се проценува дека за време на неговото брутално и корумпирано 20-годишно владеење, биле украдени 10 милијарди долари од државната благајна, што ја довело земјата до голема сиромаштија.

Имелда во тоа време важела за многу убава жена, можеби и најубава, со огромна доза на шарм, но нејзината себичност го уништувала сето тоа што било убаво, а како што минувало времето, така таа станувала сé посурова.

Таа била прва дама на Филипини речиси 21 година, во периодот од 1965 до 1986 година, а останала запаметена по невиденото трошење. Додека народот умирал од глад и молел за парче леб, Имелда носела чевли вредни дури милион долари.

Против семејството Маркос во последните 36 години биле покренати голем број судски постапки, од кои секогаш излегувале како победници. Во еден од ретките неуспеси, Имелда во 2018 година била осудена на долготрајна затворска казна, бидејќи проневерила околу 200 милиони долари, но била ослободена од казната, бидејќи платила кауција.

Револуција без крв

Многумина и ден денес се сеќаваат на филипинската револуција без крв, кога претседателскиот брачен пар побегнал со своите три деца на Хаваи, каде што Фердинанд починал три години подоцна.

Во претседателската палата тогаш биле пронајдени 1060 пара чевли на Имелда, 15 бунди, 508 свечени фустани и илјада чанти.

Сепак, ова не кажува доволно за нејзината зависност од чевли. Имелда носела сé што било во тренд, а за време на своето владеење купила повеќе од три илјади пара чевли.

Најконтроверзното и најшокантното видео на прва дама во историјата: Му седнала во скут и го бакнала во чело! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.