Под ѕвездите со Игор Џамбазов

Станица Карпош, ваша нова омилена локација…

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, на 17 јуни со почеток во 20.00 часот, на стадионот Локомотива, сега со ново име СТАНИЦА КАРПОШ, ќе приреди неверојатен open air настан за душа. Под ѕвездите на оваа јунска вечер, со Игор Џамбазов и Гуру Харе, ќе уживаме во хитовите кои што со години наназад се дел од најголемите музички случувања кај нас. Но ќе уживаме и во анегдотите и приказните кои што Џамбазов ги носи со себе.

Освен Игор Џамбазов, овој настан ќе го збогати и рок репертоарот на Бени Нон Стоп но и стенд ап настапот на македонската актерка Весна Бејби Петрушевска.

Почетокот на настанот е закажан за 20.00 часот, цената на влезницата е 250 денари со вклучена консумација.  Истите можете да ги обезбедите на купи карти за се, во Југотон и на влез.

Локацијата СТАНИЦА КАРПОШ (стадион Локомотива), пред себе има зацртана цел. А тоа е од овој простор да направат пријатно летно збиралиште за локалците но и за гостите од останатите скопски населби, кои што летото го минуваат низ градските паркови и тераси. Ништо нема да биде поразлично, освен пријатната музичка позадина насловена ПОД ЅВЕЗДИТЕ, која што ќе ја обезбеди организаторот.

Во петок на 17 јуни, ПОД ЅВЕЗДИТЕ ќе бидеме со Игор Џамбазов и Гуру Харе, Бени Нон Стоп и Весна Бејби Петрушевска. Се гледаме на СТАНИЦА КАРПОШ за да пееме и да се смееме под ѕведите на скопското небо!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.