Би можеле да се разминете со неа и да не ја препознаете! Една од најубавите жени на планетава ги изненади фановите со природниот изглед!

Непрепознатлива

Неверојатно убава, а сепак, толку обична

Некогашната Мис на светот, Пријанка Чопра (38), е жена која редовно зазема некое од првите места на сите листи на најубави, најелегантни и најзгодни дами во Холивуд.

Оваа убавица со потекло од Индија ја познава модата  и со леснотија успева да понесе креативни модни комбинации, фризури и шминка, но нејзиниот секојдневен стил е многу едноставен!

Познатата актерка пред неколку дена била фотографирана во Лондон, каде што прошетала во зелен дуксер и виолетови спортски хеланки, додека косата ја фатила во неуредна пунџа. Пријанка одлучила да излезе без ронка шминка и покажала дека, иако на прв поглед е непрепознатлива без пуштена коса, црвен кармин, откачен фустан со реси и светки, не ѝ треба тим од експерти за да изгледа убаво и негувано.

Чопра, инаку, е во брак со американската музичка ѕвезда Ник Џонас, а неодамна признала дека поради збиениот распоред, не успеваат да се гледаат онолку колку што би сакале.

„Се гледаме секои три недели. Без разлика каде сме во тој момент во светот, долетуваме еден кај друг барем еднаш месечно и неколку дена сме заедно. Тоа е правилото што го одредивме кога се венчавме. Инаку никогаш не би се виделе“, открила таа неодамна и додала дека понекогаш работи и до 12 часа дневно.

Многумина велат дека личат на мајка и син: Актерката открила детали од бракот со 10 години помладиот партнер!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.