Според психолог, ова е начин да се смирите среде напад на паника

Совети од експерт

Фото: Getty Images

Паничен напад е непријатно искуство проткаено со чувство на екстремна непријатност или страв и често е придружено со болка во градите, вртоглавица, несвестица, гушење, гадење, трнење во одредени делови од телото, забрзано чукање на срцето, треперење, потење и топлотни бранови.

Кога ќе се појави, секоја личност која доживува паничен напад сака само едно – искуството да помине што е можно побрзо. Постојат методи и решенија кои ќе помогнат во борбата против нападите на паника, но тоа се главно долги процеси. Додека овие процеси се повеќе од добредојдени, психотерапијата и самопомош не помагаат веднаш. Психологот Тања Г. Бентли во подкастот МБГ зборуваше за побрзо решение на кое може да се потпре секој што ќе доживее напад на паника. Имено, станува збор за метод на брзо дишење, што на прв поглед е спротивно на она што би сакала да го направи човек среде напад на паника. Сепак, според д-р Бентли, овој метод навистина помага.

Методот на кратко и брзо дишење

Повеќето луѓе ќе бидат збунети при самото споменување на решение кое вклучува брзо дишење затоа што лицето кое доживува паничен напад сака да го смири дишењето. Но, д-р Бентли вели дека брзите и „плитки“ воздишки испраќаат порака до мозокот и телото дека тоа го правите намерно и затоа можете да престанете да дишете и да вдишувате нормално. Затоа, ако некогаш се најдете среде напад на паника, сè што треба да направите е да вдишете брзо и да не вдишувате целосно. Повторете го ова пет, 10 или дури 20 пати и после тоа треба да можете да вдишувате со полни бели дробови. Докторката забележува дека овој метод не е пријатен, но дека кај многумина се покажал ефикасен.

Прочитајте и: Како да се грижите за себе кога сите бродови ви тонат: 9 чекори до поквалитетен живот!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.