Многумина велат дека личат на мајка и син: Актерката открила детали од бракот со 10 години помладиот партнер!

Љубовта им цути

Никој не им може ништо додека тие уживаат во љубовта!

Индиската убавица Пријанка Чопра (38) направила секси фотосесија за англиското издание на магазинот „Ел“ и проговорила за својот однос со 10 години помладиот сопруг Ник Џонас.

Пријанка остварила светска слава во 2000 година кога победила на натпреварот за Мис на светот, а истовремено станала ѕвезда во својата родна земја. Актерката направила низа фотографии за „Ел“ на кои го покажала своето совршено истренирано тело, а во интервјуто открила дека била шокирана кога Ник ја запросил по два месеца врска.

Парот започнал врска во мај 2018 година и пејачот ја запросил на 19 јули истата година, еден по нејзиниот 36-ти роденден, додека биле на романтично патување на грчкиот остров Крит.

„Не очекував свршувачка во таа фаза од нашата врска. Бевме само два месеца заедно! Мислев дека би можело да се случи тоа, но секако ми беше апсолутен шок. Сепак, си ја вратив контролата и само се препуштив“, раскажала Пријанка.


Открила дека пред да започнат врска  се познавале претходно и се среќавале повремено две години. Знаеле да контактираат преку пораки, но дел од неа сакал нешто посериозно.

„Но во тој момент направив пауза од мажи и не сакав ништо романтично. Сепак, секогаш постоеше нешто во врска со Ник и затоа останавме во контакт, без разлика каде се наоѓавме. И она што треба да го знаете за мојот сопруг е кога тој ќе одлучи дека сака нешто, тоа и ќе го добие! Кога знае, знае. И едноставно не можете да си помогнете со таа негова самодоверба и само да се препуштите на крајот“, објаснила Чопра.


Парот се венчал во декември 2018, а моментално поради својата работа имаат проблеми со времето, па си поставиле едно правило:

„Се гледаме секои три недели. Без разлика каде сме во светот во тој момент, долетуваме еден кај друг барем еднаш месечно и заедно сме неколку дена. Тоа е правилото што го одредивме кога се венчавме. Инаку никогаш не би се виделе“, нагласила актерката.

Инаку, своевремено Пријанка и Ник се шегувале дека на фотографиите кои ги објавуваат на Инстаграм изгледаат како мајка и син.

РОМАНТИЧНО: Прошетка со коњи… на плажа (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.