Беше најзгодниот ангел на Викторија, а денес луѓето едвај ја препознаваат!
Некогаш и сега
Реа се повлече од светот на моделството и му се посвети на мајчинството и на семејниот живот
Немаше поубава манекенка од неа во 1990-те. Со својата необична убавина, Реа Дарам, за кратко време ги воодушеви модните експерти и имаше предиспозиции да стане најплатениот модел на сите времиња. Беше главна на ревиите на најголемите модни дизајнери, беше ангел на Викторија, а ги красеше и насловните страници на најпрестижните магазини.
Иако многумина ѝ предвидуваа успешна кариера, таа многу брзо откако постигна успех, се повлече од модната сцена. Денес има 43 години и живее далеку од модниот свет, мирно и повлечено.
View this post on Instagram
Нејзиниот начин на живот не е единственото нешто што се променило. Имено, денес ретко кој ја препознава Реа. Поранешната манекенка целосно се опуштила, качила неколку килограми и речиси секогаш е во лежерен стајлинг, без воопшто шминка.
View this post on Instagram
Реа е омажена за холивудскиот актер Марк Волберг, па повремено му прави друштво на црвениот тепих и тоа се единствените нејзини јавни појавувања.
Двојката е заедно веќе две децении – уште од 2001 година, важат за една од најхармоничните двојки во светот на шоубизнисот и практично се неразделни!