Беше на врвот на кариерата, а потоа се повлече од јавноста поради болест: Пејачката денес изгледа подобро од кога било претходно!

Како времето да застанало за неа

Тешките животни мигови се зад неа

Канадската пејачка Аврил Лавињ на само 17 години стана најплатената пејачка во Велика Британија. По првиот сингл Complicated, хитовите продолжија да се нижат и така неколку години по ред.

Им беше идол на девојчињата ширум светот, а потоа во екот на популарноста исчезна од јавната сцена. Тоа ги загрижи нејзините обожаватели, а таа со години не се огласуваше. Целосно ги прекина контактите со медиумите, а потоа се дозна вистинската причина.

Имено, пејачката се борела со нарушено здравје, а неодамна објави и дека страдала од лајмска болест и дека поминала неколку години на лекување.

По тоа тешко искуство низ кое поминала, им се посветила на хуманитарните активност и на подигнувањето свест за оваа болест.

„Се соочив со тоа дека умирам, го прифатив тоа“, изјавила Аврил.

Но по долго време, состојбата почнала да ѝ се подобрува, а тешкиот период ѝ послужил како инспирација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)

Можеби би кажале дека тешките моменти воопшто не влијаеле врз пејачката, но напротив, таа изгледа како да не остарела ни еден ден!

Најубавата насмевка во Холивуд била погодена од ретка и мистериозна болест: Еве зошто Робин Вилијамс ја одбрал смртта (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.