Ова е фаталната русокоса со која Алекс ја изневерил Џеј Ло: Помлада е од него 20 години и позната е по бурните врски

Се шушка

Американските медиуми тврдат дека главната причина за нивното раскинување е неверството

Како бомба одекна веста дека славната двојка се разделува, а набрзо потоа се појави и веста дека станува збор за трач. Меѓутоа, двојката сè уште не се огласила официјално.

Гласините дека Алекс се допишува со Медисон (31) првпат се појавија на почетокот на февруари. Ѕвездата од реалните шоуа се бранела со зборовите дека не се работи за флерт, но не криела ни дека се допишувале.

„Ние не се гледавме, само се допишувавме. Физички, тој никогаш не ја изневери свршеницата со мене“, рекла таа, но не се изјаснила за деталите на преписката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madison LeCroy (@madison.lecroy)


Дали потоа отишле чекор подалеку и дали Медисон е вистинската причина за раскинувањето на поп-ѕвездата и бејзбол-играчот, ќе покаже времето!

Која е Медисон Ле Крој?

Фактот дека е 20 години помлада од Алекс посебно ја заинтригирал јавноста. Оваа атрактивна русокоса е добро позната во јавноста по скандалите и бурните љубовни врски.

Неколку години е учесничка во реалното шоу Southern Charm, кое го следи животот на добро ситуирани семејства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madison LeCroy (@madison.lecroy)


На 20 години се омажила за спортистот Џош Хју, но тој брак не траел долго. Од таа врска добиле син Хадсон, кој денес има 9 години.

Медисон е активна на социјалните мрежи, каде што има повеќе од 400 илјади следбеници и со кои редовно споделува фотографии на кои ја нагласува својата вита фигура.

ПРЕСВРТ: Џеј Ло и Алекс Родригез демантираат дека раскинале
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.