ПРЕСВРТ: Џеј Ло и Алекс Родригез демантираат дека раскинале

Само работат на проблемите во врската

Како гром од ведро небо одекна веста дека Џенифер Лопез (52) и Алекс Родригез (46) се разделиле, но останале во пријателски односи. Популарната двојка се сврши пред две години и ја одложи венчавката поради пандемијата на коронавирусот, но никој не очекуваше дека ќе ја раскинат свршувачката.

Сепак, популарната пејачка и актерка и бившиот бејзбол-играч денес ги демантираа написите дека ја раскинале љубовната врска.

Во моментов работиме на некои проблеми во нашата врска“, изјави двојката во официјалното соопштение за магазинот „Пипл“.

Тие никогаш не раскинаа официјално, но минуваат низ тежок период. Доживеаја пад, но не се разделија“, ​​изјавил изворот за „Пипл“, негирајќи дека Цеј Ло и Алекс ѝ ставиле точка на врската што ја започнале во 2017 година.

Инаку, веста за раскинувањето, која ја објави „Пејџ сикс“, беше потврдена од неименуван извор близок до парот со објаснување дека Родригез моментално е во Мајами, додека 51-годишната пејачка е во Доминиканската Република, каде што е на снимање на филм.

Иако не беше наведена официјална причина за наводното раскинување, странските медиуми информираат дека сè кулминирало откако Алекс се најде во скандал на крајот на јануари годинава за наводна врска со 30-годишната ријалити-sвезда Медисон ЛеКрој.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.