Најубавата насмевка во Холивуд била погодена од ретка и мистериозна болест: Еве зошто Робин Вилијамс ја одбрал смртта (ВИДЕО)

Не знаел со што се бори

Засекогаш ќе остане во срцата на публиката

Одигра дел од најубавите улоги во историјата на Холивуд, а неговото самоубиство го шокира и растажи целиот свет.

„Госпоѓа Даутфаер“, „Добриот Вил Хантинг“, „Девет месеци“, „Ноќ во музејот“, „Најдобриот татко на светот“… се само некои од филмските ремек-дела со кои актерот со најтоплата насмевка ни влезе во срцата.

Но животот на Робин надвор од филмскиот свет воопшто не личел на ликовите што ги играл. Барем не по тешката болест што ја добил, а која му била дијагностицирана дури по смртта.

Борбата со „невидливиот пријател“ што го вовлекол во депресија, анксиозност, загуба на волја и сила, била очигледно неиздржлива и претешка за Робин. Веруваме дека така би било и за многумина, особено ако не знаете против што се борите.

Робин Вилијамс имал ретка форма на деменција, која му била дијагностицирана дури по смртта во 2014 година. Шест години потоа, документарен филм ги открива деталите за неговите последни денови. Целта на филмот е да се подигне свеста за оваа специфична болест, која го натерала ценетиот актер да си го одземе животот.

Зошто Робин Вилијамс се откажал од борбата и ја одбрал смртта?

Документарецот Robin’s Wish детално ја опишува борбата на комичарот со прогресивната болест на мозокот. Според неговата сопруга, тој не бил свесен дека има сериозна болест и дека речиси секој дел од неговиот мозок е нападнат. Токму поради тоа, неговата борба била тешка и исцрпувачка.

Иако деменцијата е добро познат поим, специфичниот тип од кој тој страдал се јавува ретко, па многу лекари не успеваат да го препознаат. Се одликува со големи наслаги на одредени видови протеини во мозокот. Тие наслаги, кои се викаат Левиеви тела, дејствуваат на хемикалиите во мозокот, што влијае врз помнењето на пациентот, на неговите јазични вештини и визуелна перцепција.

Зошто Робин Вилијамс одбрал смрт?

Најчестите симптоми на деменција со Левиеви тела вклучуваат промени во размислувањата, движењето, спиењето и однесувањето. Се јавуваат проблеми со извршување на секојдневни задачи, се губат менталните способности, концентрацијата и вниманието. Често доаѓа до проблеми со движењето и држењето на телото, вклучувајќи и забавени движења, отежнато одење и вкочанетост на мускулите.

Состојбата ја влошуваат визуелните халуцинации, а одморот не доаѓа ни на сон. Сето тоа влијае и врз промените во однесувањето и расположението, па се јавува депресија, анксиозност и апатија. На некој начин, заболениот постепено губи контрола врз себе, што може да доведе до самоуништување.

Оваа болест на мозокот најчесто се јавува по 50-та година, но може да се појави и кај помлади луѓе. Со текот на времето, болеста напредува, состојбата се влошува, а заболениот станува сè позависен од другите луѓе кои се грижат за него. Тоа било моментот преку кој познатиот актер не сакал да премине и немал сила да се бори. Веројатно не сакал да им биде товар на саканите и тие да го гледаат како тој пропаѓа до ниво на вегетирање.

Покрај тоа што е тешка и многу ретка, отежнувачка околност е тоа што не постои ниеден тест за дијагноза на болеста од која боледувал Робин, а нејзините симптоми лесно можат да се помешаат со симптоми на Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

За жал, не постои ни лек за деменција со Левиеви тела. Сепак, одредени симптоми може да се ублажат со лекови и со физикална терапија, како и со помош на логопед, но само одредено време.

Во продолжение, погледнете го трејлерот за документарецот за Робин Вилијамс…

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.