Банкрот: Роберт Де Ниро загубил 3 милиони, а ќе заработи „само“ седум и пол милиони долари годинава

Сиромаштија...

Доживеал голем финансиски удар поради коронавирусот

Славниот Роберт Де Ниро тврди дека пандемијата му задала голем финансиски удар. Имено, популарниот актер се појави на судење преку Скајп откако неговата поранешна сопруга Грејс Хејтовер побара месечниот надомест да и’ се подигне од 50.000 на 100.000 долари.

Филмската ѕвезда останала без „скршена пара“ откако синџирот ресторани и хотелот што ги поседува се затворени неколку месеци поради коронавирусот. Неговата адвокатка изјавила дека тој во април загубил 3 милиони долари, а следните месеци дополнителни 1,87 милиони.

Адвокатката посочила дека доколку има среќа, Де Ниро оваа година ќе заработи „само“ 7,5 милиони долари.

Видео: Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.