Школа за готвење: 3 тајни на големите мајстори… во кујната!

Дознаваме од „прва рака“

Зачувајте ја течноста од киселите краставички. Зошто? Познато е дека повеќето луѓе, откако ќе ги изедат киселите краставички, ја истураат преостанатата течност, што претставува голема штета, бидејќи таа може да се искористи на различни начини.

Едни од неа прават коктели, други ја употребуваат наместо оцет, а може да послужи и како одлично средство при одмастување бакарни садови. Особено е делотворна во борбата против пирејот, а ги ублажува и изгорениците од сонце.

Ако ја зачувате, во неа повторно можете да скиселите краставички. Свежи краставички ставете во стаклена тегла со маринада и по неколку дена ќе имате готова салата. Освен краставички, можете да додадете и моркови, пиперки и друг зеленчук по желба.

 

Сварете јајца  во сад за мафини

Звучи необично, но резултатот ќе ве воодушеви. Не само што полесно се отстранува лушпата од јајцата сварени на овој начин туку не може да пукнат и имаат помека структура од оние што се сварени на класичен начин.

Во една тура можете да сварите 12 јајца ако имате калап за мафини со стандардна величина. Распоредете по едно јајце во секој отвор во калапот. Печете ги на 160 Целзиусови степени, 25-30 минути. Оставете ги да отстојат пет минути, па префрлете ги во ладна вода.

Додајте малку лимон во кајганата

Главно кога приготвуваме некое јадење, било да е едноставно или комплицирано, настојуваме тоа да излезе што подобро и повкусно. Кога е во прашање приготвувањето јајца, се стекнува впечаток дека секој начин да се подобри нивниот вкус е познат одамна.

Меѓутоа, додавањето неколку капки лимон, лимета или портокал при приготвувањето кајгана секако е иновативен и интересен начин да се збогати нејзиниот вкус и да се внесе новитет во начинот на приготвување.

Со додавањето на еден од споменатите цитруси во јајцата при приготвувањето кајгана, се засилуваат и нејзиниот вкус и арома, а таа станува повоздушеста.

Јадењето го менува вкусот, но не во целост, туку цитрусите го прават посочно и поинакво.

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.