Вил Смит доби извинување од сопругата за прељубата што ја направила… и тоа во емисија во живо!
И тоа се случува...
Џада Пинкет Смит јавно призна дека била во врска со 27-годишниот рапер Август Алсин, кој му е пријател на нејзиниот син. Актерката и пејачка го направи тоа во живо во своето ток-шоу Red Table Talk, во кое го угости својот славен сопруг Вил Смит.
Имено, Џада објасни дека аферата се случила кога нејзиниот брак бил во криза.
Ние се оддалечивме и потоа влегов во врска со Август. Бев ранлива и скршена”, признала Џада, додавајќи дека врската траела неколку месеци.
Таа откри дека таа и актерот се обиделе да одвојат сè еден од друг, но на крајот сфатиле дека тоа не е можно. Кога ја прекинала врската со младиот рапер, се смирила со Вил и со години не разговарала со младото момче. И покрај кризата, славната двојка повторно е заедно и тврдат дека негуваат „безусловна“ љубов еден за друг.
Ќе ти вратам за ова“, рече актерот, на што неговата сопруга одговори: „Мислам дека веќе ми врати, ја заклучивме таа приказна.“
Инаку, во Холивуд со години се шпекулира дека брачната двојка Смит има отворена врска и дека обожаваат оргии.
Видео: Инстаграм