Откриени опсесиите на Мајкл Џексон: Неговиот план за бесмртноста

Ова била неговата тајна стратегија

Славниот Мајкл Џексон наводно бил опседнат од идејата да стане бесмртен, што е откриено во книгата на истражувачкиот новинар Дилан Хауард.

Во извадоци од книгата „Лошо: Невидена истрага во прикривањето на Мајкл Џексон“, се објавени белешки од тајниот дневник на Мајкл, во кои е наведено дека тој бил истоштен од размислувањето за тоа како да стане вечен, како што се Чарли Чаплин и Волт Дизни.

Покрај тоа, се чини дека тој бил постојано фокусиран на идејата да стане првиот мултибилионерски актер и режисер, затоа што според неговиот таен дневник што го чувал, евидентно е дека планирал да оствари неделен профит од дури 20 милиони американски долари.

И за тој да успее, размислувал да одржи концерт во Cirque du Soleil и да склучува договори со брендови како што е Најк.

Кралот на поп-музиката, исто така, сакал да направи римејк на филмовите „20.000 милји под морето“ и „7-то патување на Синбад“.

Ако не се концентрирам на филмот, нема бесмртност“, напишал Мајкл на страниците на своите белешки објавени во споменатата книга.

Потсетуваме, Мајкл почина во 2009 година на 50-годишна возраст додека се подготвуваше за својата турнеја „This Is It“, од ефектите на предозирање на пропофол и бензодијазепин што му ги пропишал неговиот личен лекар Конрад Мареј.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.