Амбер Херд повторно во врска со жена: Слики што кажуваат илјада зборови (ФОТО)

Папарацо-фотографии

Според написите во странските медиуми, Амбер Херд е во љубовна врска со директорката на фотографија Бјанка Бути.

Имено, ова не е прва љубовна врска на популарната актерка по нејзиниот развод со колегата Џони Деп, со кого сè уште се суди поради обвинувањето за насилство, клевета и навреди.

 

Она поради што е специфичен односот на Амбер и нејзината нова девојка е тоа што името на Бјанка во последно време најчесто се спомнува во контекст на ракот на дојка, со кој се соочила пред четири години, а кој, како што пренесуваат странските медиуми, повторно ѝ се појавил минатата година.

Фото: Guliver/Getty Images

Како што истакнуваат медиумите, бившата жена на Џони Деп ѝ е голема поддршка, а тоа воопшто не изненадува земајќи предвид дека убавата Амбер повеќе пати изјави дека многу подобро ѝ оди со жените.

Нејзината 5-годишна врска со фотографката Тајса Ван Ре прекина токму кога Амбер ја почна врската со Џони Деп, кој, пак, ја раскина својата врска со Ванеса Паради

Имам повеќе вкус кога станува збор за жените. И среќа. Не знам што точно ме привлекува, можеби здравиот однос со нив“, изјави актерката, која по разводот со славниот актер во 2017 година беше во љубовни врски со Елон Маск и со Вито Шнабел.

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.